Дома Фудбал Сослушувањето заврши: Манчестер Сити ја чека пресудата

Сослушувањето заврши: Манчестер Сити ја чека пресудата

Завршени се сослушувањата и презентацијата на доказите во случајот на Премиер лигата против Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми.

Сега останува на советот од тројца судии да донесе конечна одлука за обвиненијата од 115 точки за кршење на финансиските правила.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Завршните аргументи беа презентирани од двете страни во петокот во Лондон во Центарот за разрешување спорови. Ова го означи крајот на рочиштата кои почнаа на 16 септември.

Манчестер Сити е обвинет за 115 прекршувања на финансиските правила, но и за одбивање да соработува во текот на самата истрага. Од своја страна, Сити негира каква било злоупотреба за која се товари. Доколку тричлениот судски совет одлучи дека Премиер лигата е во право, Сити се соочува со казни кои може да се движат од финансиски одбитоци и бодови до исфрлање од лигата.

Тоа всушност се шпекулации бидејќи во историјата на англискиот фудбал немало ваков случај и прашање е која ќе биде вистинската казна, доколку ја има.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баварците синоќа го победија Реал, па ѕвездата на Баерн соопшти во кој клуб ќе оди летово

На стадионот Сантијаго Бернабеу, бевме сведоци на навистина фантастичен натпревар помеѓу Р…