Дома Фудбал „Случајот Мбапе“ не е единствен: Докторите на Реал во проблеми и со Камавинга?

„Случајот Мбапе“ не е единствен: Докторите на Реал во проблеми и со Камавинга?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се најде во центарот на вниманието по начин на кој беше лекувана неговата повреда на коленото, пренесуваат француските и шпанските медиуми.

Според тие информации, лекарскиот тим на мадридскиот клуб на почетокот на декември направил пропуст при прегледот, затоа што анализата е извршена на погрешното колено, а сега, според реномираниот „L’Équipe“, слична грешка се случила и во случајот со Едуардо Камавинга, при прегледот на повредата на скочниот зглоб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Францускиот играч за врска беше подложен на магнетна резонанца на скочниот зглоб на погрешната нога, а тоа се случи по натпреварот против Атлетико во Билбао на почетокот на декември.

Откако следниот натпревар го помина на клупата, Камавинга паузираше две недели.

Ембапе во обраќањето до медиумите призна дека за време на закрепнувањето се чувствувал фрустриран и неизвесен, но не директно го критикуваше клубот, истакнувајќи дека сега се чувствува подобро и дека е фокусиран на продолжението од сезоната.

Сепак, L’Équipe наведува дека Ембапе побарал во иднина да биде под надзор на лекар со кој претходно соработувал, што, според достапните информации, во Реал е прифатено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе со нов коментар по инцидентот со „погрешното колено“ и докторите на Реал Мадрид

Фудбалската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги демантираше шпекулациите поврзани со …