Ливерпул во сабота ќе биде гостин во Борнмут во натпревар од 24. коло на Премиер лигата, а на прес-конференцијата пред овој натпревар повторно Арне Слот мораше да зборува за иднината на Мохамед Салах на „Енфилд“.
Новинарите го известија Слот дека министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки ал Фејсал, детално во едно интервју изразил колку би сакал да го види Мохамед Салах во лигата на Саудиска Арабија.
Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓
„Би бил изненаден ако некој, било каде во светот, каже дека не сака да го доведе Мохамед Салах. Тој игра извонредно добро долг период, така што веројатно сите го посакуваат. Досега му одеше добро и без мојот совет, па верувам дека сам знае да одлучи што е најдобро за него, не му е потребен мојот совет“, рече Слот.