
По трансферите на Луис Диас и Дарвин Нуњез, Слот зелено светло даде за продажбата на уште еден играч од Ливерпул.
Ова лето, Ливерпул значително инвестираше во привлекување на нови фудбалери, а новите засилувања секако уследија со добри резултати.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
На „Енфилд“ пристигнаа Флориан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез, а тимот се надева и на доаѓањето на Александар Исак.
Секако, беше неопходно и да се реализираат некои продажби, поради што Диаз и Нуњез летово го напуштија Енфилд.
Диаз замина во Баерн Минхен за 65,5 милиони фунти, додека Нуњез премина во Ал Хилал за 53 милиони фунти.
До затворањето на преодниот рок, можни се уште некои заминувања од Енфилд, а Слот веќе едно такво заминување го одобри.
Според The Athletic, црвените одлучија дека младиот Луис Кумас може да биде или позајмен или трајно да го напушти клубот.
Веднаш по оваа одлука од Ливерпул, четири клуба изразија интерес и подготвија свои понуди за младиот фудбалер.
Тоа се Шефилд, Хал, Вренхам и Норт Енд кои се заинтересирани за неговата ангажирање пред крајот на трансферниот период.
И Норвич имаше интерес за него, но се одлучија за ангажирање на Макaма од Линколн.
Кумас е син на некогашниот репрезентативец на Велс, Џејсон Кумас, и излезе од младите категории на тимот на Енфилд.
Дебитираше во натпревар против Саутемптон во ФА купот, каде постигна гол во победата на својот тим од 3:0.