
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, по голем пресврт, ја совлада Романија пред своите навивачи со резултат 3:1 и така остана во игра за пласман на Светскиот Куп 2026 година.
За жал, големата победа на соседите остана во сенка на инцидентот кој се случи на трибините на стадионот „Билино Поле“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Незадоволни романски навивачи започнаа гласно да скандираат „Србија, Србија”, што предизвика гнев кај домашните приврзаници, но и кај полицијата.
Во еден момент, припадници на полицијата влегоа на трибината каде што беа сместени романските навивачи и ги замолкнаа со палки.