Дома Останати Кошарка Скандал: Српски кошаркар доживотно суспендиран!

Скандал: Српски кошаркар доживотно суспендиран!

Некогашниот српски кошаркар Никола Ќирковиќ доби доживотна суспензија од ФИБА.

Овој 27-годишен кошаркар се најде на листата на суспендирани кошаркари, а прекршоците за кои се терети се:


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Манипулација на натпреварите, обложување на кошаркарски натпревари, прекршување на обврските кон спортот.“

Суспензијата опфаќа „Забрана за вршење на функција, забрана за учество во сите активности во организација на ФИБА или кои се поврзани со ФИБА“, стои на официјалниот сајт на ФИБА.

Ќирковиќ настапуваше за Вршац, Динамик, Напредак, Биел, Слобода од Ужица, а во Босна и Херцеговина го носеше дресот на Братунац.

Во претходниот период суспензијата од ФИБА ја добија уште неколкумина играчи:

Давид Миладиновиќ (до 20 јуни 2027), Мирослав Пашајлиќ (доживотно), Недељко Пријовиќ (11 јули 2027), Марко Радоњиќ (доживотно), Љубомир Чамапара (7 август 2025), Никола Павловиќ (23 јули 2031), Александар Илкиќ (20 јуни 2028) и Стефан Шајин (доживотно).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тренерот на Партизан одбил да го ангажира Јокиќ со срамен одговор

Никола Јокиќ на 15 години учествуваше на еден камп на Златибор, а тогашниот тренер на Парт…