Дома Фудбал Скандал: Ракитиќ и уште шестмина фудблаери вмешани во измама со криптовлати вредна повеќе милиони!

Скандал: Ракитиќ и уште шестмина фудблаери вмешани во измама со криптовлати вредна повеќе милиони!

Иван Ракитиќ и уште шест поранешни играчи на Севилја, Александар Гомез, Лукас Окампос, Алберто Морено, Нико Пареја, Хавиер Савиола, се најдоа во центарот на случај на повеќемилионска измама, информира шпанскиот Periodico.

На Ракитиќ (37) му завршува договорот со Хајдук на крајот од месецот, но сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Според изворот, Ракитиќ е „под истрага за потенцијална измама со милиони долари кои погодија илјадници инвеститори во криптовалути и NFT (нематеријални токени)“.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Periodico дополнува: „Она што се чинеше како успешен бизнис на фирмата Shirtum се претвори во измама на многу луѓе, чинејќи повеќе од три милиони евра, што е предмет на истрага од страна на судот во Барселона. Тројца каталонски бизнисмени, Мануел Анхел Торас, неговиот син Марк Алберт Торас и Мануел Морилјас, како и аргентинскиот државјанин Давид Розенквајг, се обвинети за 11 кривични дела.

Меѓу обвиненијата се злоупотреба на службената положба, измама и неплаќање данок. Дванаесет жртви на измамата во тужбата ги наведуваат фудбалерите како лица што треба да се испитаат и ги осомничуваат за соучесници во злосторствата и промовирање лажни реклами.“

Се споменуваат заедно со поранешните ѕвезди на шпанскиот гигант во приватната тужба како помагачи во измамите на фирмата која планирала да продава криптовалути и NFT базирани на нивниот имиџ. Вкупната вредност на NFT и криптовалутите изнесувала три милиони евра.

Според тужителите, фудбалерите имале „активно учество во продажбата на токени“. Особено се истакнува Гомез кој имал блиска соработка со наведениот бизнис тим. Тие создале апликација за продажба на NFT од фудбалери по цена од 350 евра за секој парче.

Во деловниот потфат инвестирале надворешни спонзори, кои сега ги тужат, но Shirtum ја затворила апликацијата пред таа да биде објавена. Во ниту еден момент, на блокчеин криптовалутите ни NFT-ите немале било каква вредност. Исто така, Ракитиќ не бил одговорен за стратегијата или тактиката на продажбата. Тој бил само заштитно лице на проектот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто на Светското клупско првенство не играат: Ливерпул, Барселона, Наполи, Арсенал, Милан…?

Многумина во Европа, збуни кои тимови ќе учествуваат на историското Светско првенство за к…