Дома Фудбал Останато Скандал каков што не се памети: Параолимпијка лажела дека е слепа!

Скандал каков што не се памети: Параолимпијка лажела дека е слепа!

Параџудистката Шахана Хаџијева, која освои златен медал за Азербејџан на Параолимписките игри во Токио 2021 година во категоријата до 48 kg, се најде во центарот на скандал поради утврден недостаток на инвалидитет.

Нејзиниот успех во јапонската престолнина, што го повтори и на Европското првенство во Ротердам две години подоцна, беше во категоријата J2, која подразбира слабовидност.


„J2: за натпреварувачи со LogMAR коефициент помеѓу 1,3 – 2,5 или намалено видно поле до 60 степени или помалку“, е објаснувањето за оваа параолимписка категорија.

На почетокот, Хаџијева требаше да се натпреварува во J1, категорија за целосно слепи поединци, но тогашното тестирање покажа дека сепак припаѓа во J2. Хаџијева не е единствената кај која беше утврден подобар вид, бидејќи и Елнара Низамли, која требаше да се натпреварува во J1 категорија за целосно слепи до 60 kg, беше прекатегоризирана во J2, известува „oxu.az“.

Сепак, на тестот пред Светското првенство во Астана се откри дека 24-годишната натпреварувачка од Сумгајит – гледа!

По ова следуваше доживотна суспензија, а јасно е дека скандалот го вознемири спортскиот свет во Азербејџан, земја која е успешна во боречки спортови.

Хаџијева се натпреварувала и против здрави џудисти – во 2015 година освои златен медал на Европското првенство во Софија во категоријата до 40 kg.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за селекторот Миленкоски пред настапот во Златната лига

По вчерашниот прв собир на машкиот национален тим во Струмица, селекторот Јошко Миленкоски…