Дома Фудбал Симеоне емотивно се прости од Гризман: Ти благодарам за сè пријателу!

Симеоне емотивно се прости од Гризман: Ти благодарам за сè пријателу!

Атлетико Мадрид се подготвува за вториот од трите натпревари против Барселона кој ќе се одиграат во десетдневен период, при што првиот од двомечот во ЛШ е на Камп Ноу.

Францускиот крилен играч Антоан Гризман е еден од ретките кои ги носеле дресовите на двата шпански клуба. Сепак, неговиот најзначаен печат останува со боите на „јорганџиите“ од престолнината, а како најдобар стрелец во историјата на Атлетико, тој е на чекор од заминување од клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Гризман, кој на 21 март ќе наполни 36 години, склучи долгорочен договор со Орландо од американската МЛС лига. Заминувањето од клубот во кој постигна 211 гола на сите натпреварувања е емотивно за двете страни, што значи дека преостанатите натпревари од сезоната ќе носат посебна емоционална тежина.

„Не зборувам само од перспектива на тренер, туку и како навивач на Атлетико, што и самиот сум“, изјави шефот на стручниот штаб на Атлетико, Диего Симеоне, кој е на чело на клубот од 2011 година.

55-годишниот тренер му се заблагодари на Гризман за неговата посветеност, скромност и додаде:

„Ти си личност за почит во општество каде младите имаат потреба од пример како тебе. Благодариме за сѐ што ни даде, што ни даваш и што ќе ни дадеш.“

Пред присутните новинари, Симеоне го нарече Гризман пријател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Реал Мадрид бесен на судијата по поразот од Баерн Минхен

Поразот на Реал од 1:2 од Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите предизвика бурни…