Дома Фудбал Силната игра на Арда Ѓулер ја празни касата на Реал Мадрид

Силната игра на Арда Ѓулер ја празни касата на Реал Мадрид

Избрусувањето на дијамант е процес кој бара време, но и пари. Довербата на Чаби Алонсо во Арда Ѓулер доведе до тоа турскиот талент да достигне 75 натпревари со дресот на Реал Мадрид, истакнува „Ас“. Ова се случи при победата од 4:0 над Валенсија во саботата вечер. Овој број натпревари го обврзува Реал Мадрид да потроши уште еднаш од своите финансии. Според турското издание „Fanatik“, кралскиот клуб треба да плати бонус од 2 милиони евра на Фенербахче заради достигнувањето на овој број одиграни натпревари.

Исто тоа веќе се случи два пати – при достигнувањето последователно на 25 и потоа на 50 натпревари, а останатите две скалила во клаузата за број одиграни натпревари е за 100 и 125.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кога Арда ќе достигне овие нивоа, Шпанците ќе треба да платат по уште 2 милиони евра за секоја од нив на истанбулскиот клуб. Како што оди и ако талентот не се повреди, тој можеби ќе постигне 100 натпревари уште оваа сезона.

Реал го ангажираше турскиот репрезентативец во летото на 2023 година за 20 милиони евра. На ова се додаваат три рати од по 2 милиони евра за бројот на одиграни натпревари (25, 50 и 75), што покажува дека досега Арда му има чинено на мадридскиот клуб 26 милиони евра. По оваа схема, Фенербахче може да добие уште само 4 милиони евра – за 100 и 125 натпревари, по што нема повеќе таков договор. Дополнително турскиот гигант ќе чека 20% од продажба на Ѓулер.

За малку повеќе од две години на „Бернабеу“ и овие 75 натпревари Арда Ѓулер учествуваше во 32 гола на тимот, при што сам реализираше 15, а за другите 17 направи асистенции. Сето ова во контекст што тој има само 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн објави рекорден приход, претседателот ја задржа функцијата

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден приход од речиси 1 милијарда ев…