Дома Моторспорт Шумахер најави „земјотрес“ во Формула 1: Верстапен го напушта Ред Бул – познат неговиот нов тим!?

Шумахер најави „земјотрес“ во Формула 1: Верстапен го напушта Ред Бул – познат неговиот нов тим!?

Макс Верстапен повторно доминираше за време на тркачкиот викенд, а сега тоа го направи на легендарната Монца. Сепак, најмногу внимание привлече реакцијата на Тифозите. Неговата победа го отвори прашањето: дали Ферари е следната идеална дестинација за холандскиот ас?

Макс Верстапен во неделата забележа нова победа, во доминантен стил, на легендарната Монца.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Холанѓанецот славеше со огромни 19 секунди предност, потсетувајќи на своите најдобри трки од претходните сезони.

Верстапен зад себе ги остави двата Мекларен, не давајќи им ни трошка надеж за победа.

Ова беше негова трета победа во тековната сезона, а воедно и прва на Red Bull по отказот на Кристијан Хорнер.

Иако Холанѓанецот веќе потврди дека и наредната година ќе вози за Red Bull, неговата иднина остана една од главните теми во круговите на Формула 1.

Секако, првите заинтересирани да го доведат во своите редови се Mercedes.

Германскиот тим, и покрај одличните настапи, сè уште нема го обновено договорот со Џорџ Расел.

Исто така, пред самата трка, Верстапен го прокоментира и можниот доаѓање во Италија, односно во Ferrari.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Треневски викендов извозе три трки во Формула 4!

Младиот македонски талент во авто-мото спортот, Стефан Тренески, викендов запиша нов наста…