
Кристијано Роналдо (40) ниту оваа сезона нема да освои трофеј со Ал Наср во Саудиска Арабија, а во овој момент клубот поради позицијата на табелата нема загарантирани меѓународни натпревари во следната сезона. Сето тоа ја комплицира ситуацијата околу португалскиот напаѓач и неговиот клуб.
Роналдо продолжува да постигнува голови, има 33 постигнати гола во 39 натпревари за Ал Наср оваа сезона. Проблемот е што неговите голови не носат трофеи, а нов удар беше неодамнешното испаѓање од Азиската Лига на шампионите. На тоа се надоврза поразот од Али Итихад и сега Ал Наср е четврти на табелата од која три клуба одат во меѓународни натпреварувања.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Марка наведува дека ваквиот развој на сезоната е неочекуван и дека управата на клубот му замерила на Роналдо што поразот од Али Итихад го прифатил со заминување од стадионот веднаш по натпреварот, без да го скрие гневот додека заминувал од теренот. “Целите се далеку од реализација,” пишува Марка и наведува дека иако Роналдо договрил двегодишно продолжување на договорот со Ал Наср, допрва ќе се види дали ќе дојде до продолжување на соработката.
“Од друга страна, темата за Светското клупско првенство и неговото можеби учество исто така е присутна во саудискиот фудбалски круг. ФИФА би сакала да го види Роналдо во САД, а не е исклучена можноста за таков трансфер. Ал Наср нема да учествува на тоа натпреварување,” се заклучува.
Роналдо има важечки договор до крајот на сезоната и не е јасно што следува. Во Ал Наср пристигна 2023 година и за овој клуб постигна 91 гол и 19 асистенции во 103 одиграни натпревари. Во прва година таму го освои Арапски Клупски Куп на Шампиони, својот единствен трофеј со Ал Наср. Игра за годишна плата од 200 милиони евра.
Фото: Al Nassr FC/FB