Дома Фудбал Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи договорот кој истекува во јуни оваа година.

Луис Енрике би можел да замине од ПСЖ на крајот на актуелната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа информација, која доаѓа од Шпанија, поточно од Марка, укажува дека шпанскиот стратег нема намера да го продолжи својот договор кој завршува во јуни оваа година.

Ваквата вест претставува шок за парискиот клуб и нивните поддржувачи, особено поради фактот што Енрике за релативно кратко време стана еден од најуспешните тренери во историјата на ПСЖ.

Според шпекулациите, главната причина за неговото потенцијално заминување не е поврзана со финансии. Енрике посакува нов професионален предизвик.

Се споменува дека сака да направи понатамошен чекор во својата тренерска кариера и да се впушти во поинаков проект.

Ако договорот навистина истече во јуни, Енрике ќе стане слободен тренер.

На тој начин, тој би се нашол на врвот на листите за посакувани тренери на пазарот. Особено атрактивен би можел да стане за големите светски репрезентации.

По Светското првенство, многу селекции влегуваат во нов циклус и ќе бараат селектори со врвни референци. Енрике совршено ги исполнува тие критериуми.

Дополнителна причина за можниот раздор е и благиот пад на формата на ПСЖ оваа сезона. Иако резултатите не се катастрофални, сепак се далеку од целосна доминација како минатата година.

Во моментов, Парижаните се наоѓаат на второто место во Лига 1, со само еден бод заостанување зад водечкиот Ленс.

ПСЖ е на третото место во групата на Лигата на шампиони, зад Арсенал и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт во Мадрид: Реал сакаше да го продаде, а сега стана еден од најважните!

Минатото лето изгледаше како трансферот на Родриго да е готова работа. Популарниот Вразиле…