
Барселона и Атлетико Мадрид играат моментално меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Каталонците во самиот финиш на првото полувреме останаа со играч помалку и веднаш после тоа примија гол од Жулиан Алварез.
Иако Барселона во поголемиот дел од првото полувреме беше подобра и имаше неколку одлични шанси, на крајот настана молк на стадионот Камп Ноу.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во самиот финиш на првото полувреме Пау Кубарси беше исклучен бидејќи го фаулираше Симеоне и беше последниот играч во одбраната.
Но, за да биде уште полошо за домаќините, токму од таа прекината акција Барселона прими гол.
ЖУЛАН АЛВАРЕЗ ДАЛИ СИ ЛУД?!!! pic.twitter.com/bnrevUU1X6 https://t.co/1FipxDGkkj
— 𝐟𝐞𝐝𝐞𝐯𝐚𝐥𝐯 (@heis_fede) 8 Април, 2026