
Кошаркарот на Милвоки Бакс, Дамиан Лилард (34) се повреди во првата четвртина од натпреварот од првото коло на плеј-офот против Индијана Пејсерс кога само падна на теренот и не можеше да стане.
Лилард го напушти теренот со помош на медицинскиот тим на Бакс, а американските медиуми сомневаат дека станува збор за повреда на Ахиловата тетива, па некои го доведуваат во прашање продолжувањето на неговата кариера.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Одличниот кошаркар не играше околу еден месец откако му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза во десната потколеница, па Лилард почна да користи лекови за разредување на крвта.
Иако првите проценки кажуваа дека нема да игра за време на тековната сезона, успеа да се врати за вториот натпревар против Пејсерс.
damian lillard injurypic.twitter.com/rGkMJ7t428
— ◇ (@H00DH3R0) April 28, 2025
Оваа сезона, Лилард одигра 58 натпревари за Милвоки и имаше просек од 24,9 поени по натпревар со 7,1 асистенција и 4,7 скокови.
Да се потсетиме, кариерата ја започна во 2012 година како играч на Портланд Трејл Блејзерс и беше прогласен за дебитант на годината откако првата сезона во НБА лигата ја заврши со просек од 19,0 поени и 6,5 асистенции.
Деветкратниот играч на „Ол-стар“ и МВП на минатогодишниот „Ол-стар“ натпревар, екипниот трофеј го освои минатата година кога со Бакс беше победник на НБА купот.