Дома Фудбал „Шлаканица“ за крај од капитенот: Ернандез ептен го налути Милан

„Шлаканица“ за крај од капитенот: Ернандез ептен го налути Милан

Тео Ернандез го напушти Милан. Трансферот во Ал-Хилал е официјален по неколкумесечно двоумење на извонредниот лев бек, но додека „Росонерите“ со трогателни пораки се збогуваа од Французинот по шест сезони, тој најде начин да го налути клубот. Не и навивачите, бидејќи веројатно го делат неговото мислење.

Познато е дека Тео за многумина претставуваше проблем во соблекувалната, последната сезона, се зборуваше дека тој и Рафа Леао ја прават главната пречка, дека имало конфликти со Фонсека, а ни Консеисао не поминал подобро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ернандез им се заблагодари на навивачите, соиграчите, на Малдини кој го донесе во клубот, но исто така рече дека во последниве години Милан тргнал во спротивен правец од неговите вредности и визија.

„Заминувам со крената глава, со полно срце, имав исти соништа како и навивачите, се надевам дека Милан ќе тргне кон местото кое го заслужува“, порача Ернандез.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Слот меѓу седум напаѓачи бара замена за Исак, едно од имињата и моќен Србин

Челниците на Ливерпул наводно се подготвени да влезат на пазарот за уште еден напаѓач во ј…