Дома Фудбал Шкендија со „петарда“ против Шкупи ја почна сезоната (Видео)

Шкендија со „петарда“ против Шкупи ја почна сезоната (Видео)

Шкендија го започна новото првенство на импресивен начин, потврдувајќи ја фаворитската улога со убедлива победа од 5-1 над Шкупи.

Домаќините отворија силно и уште во 8. минута го пробија противничкиот бедем – Рамадани со прецизен и силен удар од далечина го совлада голманот Гроте и донесе водство за својот тим. Сепак, Шкупи успеа да се врати во игра по само шест минути, кога Малик Хајрави ја искористи првата сериозна шанса и израмни на 1-1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Примениот гол не ја поколеба Шкендија, која продолжи со агресивен и напаѓачки фудбал. Наградата стигна пред паузата, кога Зејнулаи погоди за ново водство. За гостите работите станаа уште потешки по исклучувањето на Рустеми, што значително ја намали нивната шанса за камбек.

Вториот дел мина во целосна доминација на тетовскиот состав. Шкупи ретко ја преминуваше централната линија и немаше сериозна закана кон голот на домаќините. Шкендија ја запечати убедливата победа со уште три погодоци – два од нив дело на искусниот Бесарт Ибраими, а еден на Љатифи, кој ја заокружи голеадата и донесе три сигурни бода на стартот од сезоната.

 
 
 

Фото: KF Shkëndija

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…