
Македонскиот шампион Шкендија вечерва го започнува својот настап во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, со меч кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Противник ќе биде силниот тим на Карабах од Азербејџан, а ова ќе биде втор пат Шкендија да се сретне со екипа од оваа земја.
Тетовскиот клуб досега е непоразен во европските квалификации ова лето – има три победи и едно реми на четири одиграни средби. Со тоа Шкендија веќе си обезбеди место барем во групната фаза на Конференциската лига.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Но амбициите на клубот се уште поголеми – евентуална победа против Карабах би значела нов чекор кон историјата и пласман во плејофот за Лигата на шампионите.
Фото: KF Shkëndija