Дома Фудбал Шкендија денеска сака да го повтори успехот на Вардар

Шкендија денеска сака да го повтори успехот на Вардар

Тетовска Шкендија вечерва во Разград ќе се обиде да го испише најголемиот успех во својата европска историја. На програмата е реваншот од плеј-офот за влез во Лигата на Европа против бугарскиот шампион Лудогорец, а избраниците на Јетон Беќири патуваат со актив од 2-1 од првиот меч во Скопје.

Иако Лудогорец важи за апсолутен фаворит на хартија, Шкендија покажа дека знае да се спротивстави и на многу поскапи и поискусни ривали. Токму со таа самодоверба тетовци излегуваат и вечерва на арената во Разград која собира над 10 илјади гледачи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Веќе направивме голем чекор, но мора да останеме гладни за уште повеќе и да веруваме во себе. Фаворит е Лудогорец, но фудбалот знае да изненади и често подобриот на хартија не победува. Ќе влеземе со почит, но и со силна вера во нашите квалитети“, изјави стратегот Беќири пред дуелот.

Доколку Шкендија ја сочува предноста и се избори за место во групната фаза, ќе стане само втор македонски клуб кој играл во Лигата на Европа – по Вардар, кој тоа го направи во 2017 година.

Судбинскиот натпревар во Разград започнува во 19:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…