Од редовите на Шкендија утрово изненадувачки потврдија дека ја прекинуваат соработката со фудбалерот од средниот ред, Валон Ахмеди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ахмеди беше еден од најважните фудбалери во есенскиот дел од сезоната и одигра 13 натпревари, па затоа неговото заминување е изненадување.
Во редовите на тетовскиот клуб пристигна летово од белорускиот Солигорск. Ова за него беше втор мандат во Шкендија бидејќи претходно го носеше дресот на клубот од Тетово од 2020 до 2021 година.