Дома Фудбал Шефовите на Манчестер Јунајтед му поставиле ултиматум на Аморим, веќе има список со потенцијални заменици

Шефовите на Манчестер Јунајтед му поставиле ултиматум на Аморим, веќе има список со потенцијални заменици

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим има на располагање три натпревари за да ја спаси кариерата како тренер на тимот, информира денеска „Дејли Мирор”.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тие се натпреварите на „црвените ѓаволи” против Челзи, Брентфорд и Сандерленд, кои исто така се и трите меча на тимот пред октомвриската пауза за репрезентативните тимови. Досега, англискиот тим освоил само четири поени од воведните четири натпревари во Премиер лигата, а за време на викендот доживеа тежок пораз со 3:0 од градскиот ривал Манчестер Сити.

Шефовите на клубот сакаат да видат брзо и значително подобрување во наредните недели не само во резултатите, туку и во изведбата на тимот.

Од „Мирор” дополнуваат дека раководството на тимот верува дека „црвените ѓаволи” имаат квалитетен состав, кој може да се бори за врвните места, или барем за учество во европските турнири, а сегашната изведба е прилично разочарувачка. Шефовите на „црвените ѓаволи” не сакаат да ја отпишат сегашната сезона само три месеци по нејзиниот почеток и токму поради таа причина се подготвени да направат порано промена на тренерската позиција во обид да ги задржат шансите за учество во Европа догодина.

На „Олд Трафорд” дури веќе е подготвен список со пет потенцијални заменици на Аморим, доколку дојде до промена. Тоа се Оливер Гласнер, кој моментално е на чело на Кристал Палас, Андони Ираола, кој во моментот го води Борнмут, Паурисио Почетино, кој е на чело на националниот тим на САД, Марко Силва, на чело на Фулам, и поранешниот национален селектор Герет Саутгејт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус го прекрши правилото на ФИФА: Нема врска, ќе ја платиме казната! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Бразил играше нерешено 1:1 против Мароко на Светското првенс…