Дома Фудбал Секој би заплакал: Познато што му кажал Лапорта на Араухо по победата во Суперкупот (Фото)

Секој би заплакал: Познато што му кажал Лапорта на Араухо по победата во Суперкупот (Фото)

Барселона синоќа го освои првиот трофеј во сезоната бидејќи во финалето на Суперкупот на Шпанија го победи Реал Мадрид со 3:2. Главна тема е деталот што се случи при доделувањето на медалите, како и емотивната средба на Роналд Араухо и Жоан Лапорта.

Откако заврши натпреварот, беа доделени медалите и пехарот на победникот на Суперкупот, а еден детал посебно ја одбележа вечерта.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


На бината беа и претседателите на двата клуба Жоан Лапорта и Флорентино Перез, кои им честитаа на играчите на Барселона и Реал за одличниот натпревар пред да им бидат доделени медалите.

Деталот што ја одбележа доделата на трофејот се случи на самиот крај кога капитенот на Барселона, Роналд Араухо, се искачи на бината и се задржа посебно кај Лапорта кој го прегрна и го воодушеви со своите зборови.

„Ти реков дека сè ќе биде во ред”, му шепна Лапорта, меѓу другото, на уругвајскиот дефанзивец.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на натпреварот на Интер Мајами: Навивач влезе на теренот, Меси беше турнат на земја!

Хаотични сцени се случија за време на пријателскиот натпревар што Лионел Меси го одигра со…