Дома Фудбал Се воведува ново правило за офсајд што ќе го промени фудбалот засекогаш, а сите ќе го обожаваат: Револуцијата на Венгер

Се воведува ново правило за офсајд што ќе го промени фудбалот засекогаш, а сите ќе го обожаваат: Револуцијата на Венгер

Нешто сосема ново се подготвува во светот на фудбалот, а зад сето тоа стои еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња, Арсен Венгер. Станува збор за правило кое би можело да го промени фудбалот во основа, а кое навивачите несомнено ќе го обожаваат затоа што ќе го олесни судењето и ќе направи играта да биде потечна и подобра за гледање.

– Кога одлучивме, пред воведувањето на ВАР, дека не постои офсајд ако си на истата линија со дефанзивецот, тоа беше 1990 година. По Светското првенство во Италија, не се признаваа головите ако си во офсајд, дури и кога си бил на истата линија со дефанзивецот. Тоа 1990 година беше одлучено дека играчот повеќе не е во офсајд ако е на истата линија со дефанзивецот. Во случај на сомнение, предноста оди кај напаѓачот. Тоа значи дека кога има некаква минимална разлика, како што видовме сега, напаѓачот порано ќе имаше предност. Со ВАР, таа предност исчезна. И многу луѓе, мислам во Англија, изброиле 37 голови поништени поради минимален офсајд. И тоа е фрустрирачки. Затоа го предложив тоа. Но, сѐ додека било кој дел од твоето тело е на истата линија со дефанзивецот, нема офсајд – објасни Венгер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Венгер објасни кој и кога ќе ја промени одлуката доколку биде изгласана.

– Моментално ја доживуваме. И за една година, одлуката ќе ја донесе ИФАБ, не јас, туку ИФАБ.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн руши рекорди. Никој досега не започнал сезона како нив

Фудбалерите на Баерн го продолжија својот победнички ритам оваа сезона, совладувајќи го ак…