Дома Фудбал Сантос повторно славеше: Нејмар си поигра со ривалите како со – мали деца (Видео)

Сантос повторно славеше: Нејмар си поигра со ривалите како со – мали деца (Видео)

Синоќа Нејмар повторно беше на теренот во дресот на Сантос, со кој славеше победа против Нороесте со резултат 3-0.

Црно-белите доминираа од почетокот до крајот, но гостинската мрежа ја застресоа дури во надополнувањето на првото полувреме кога гол постигна Гиљерме.

На 2-0 зголеми Тикињо во 57. минута, а конечниот резултат го постави Такијано во 78. минута.

Овој пат Нејмар не се запиша меѓу стрелците, за разлика од првиот натпревар, ниту имаше асистенција, но имаше неколку атрактивни потези по кои е препознатлив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ноќта кога пукна во Селтик: Роџерс замина, О’Нил се врати од пензионерскиот мир

Пред точно една година, оставката на Брендан Роџерс го потресе Селтик, а клубот побара при…