Дома Фудбал Салах на натпреварот против Њукасл собори уште еден рекорд во Премиер лигата

Салах на натпреварот против Њукасл собори уште еден рекорд во Премиер лигата

Ливерпул и Њукасл ремизираа 3:3 во 14. коло од Премиер лигата, а Мохамед Салах постави нов рекорд.

Египќанецот постигна два гола и асистираше за голот на Џонс, со што стана првиот играч кој постигнал гол и асистенција на ист натпревар 37 пати во Премиер лигата. Со ова го надмина Вејн Руни, кој го направи тоа 36 пати.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Салах го достигна рекордот во 277. премиерлигашки натпревар, дури 214 настапи побрзо од Руни.

Во дресот на Ливерпул одигра вкупно 370 натпревари, постигна 226 голови и забележа 101 асистенција. Моментално е водечки стрелец во лигата со 13 гола и втор по бројот на асистенции со 8.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Избран идеалниот тим за 2024 година

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го објави најдобриот т…