Дома Фудбал Салах е причината зошто Ливерпул потфрли против ПСЖ и Њукасл

Салах е причината зошто Ливерпул потфрли против ПСЖ и Њукасл

Ливерпул во последните два натпревари остана без пласман во Лигата на шампионите и без трофеј во Карабао Лига Купот. На двата натпревари Мохамед Салах, малку е да се каже, потфрли.

Црвените најпрвин во вторник, во реванш натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, загубија на Енфилд од Пари Сен Жермен (0:1) и беа елиминирани поради послабото изведување на пенали, а потоа во недела на Вембли изгубија во финалето на Лига Купот на Англија од Њукасл (1:2).

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Она што беше забележливо на двата натпревари е неочекувано скромната улога на Мохамед Салах, до тогаш убедливо најопасниот играч на Ливерпул.

Опта, британска спортска компанија за аналитика, објави неверојатен податок по финалето со Њукасл:

„За првпат во кариерата во Ливерпул, Мохамед Салах не се обиде да шутира, ниту создаде шанса во натпревар во кој го одигра сите 90 минути. Некарактеристично“, стои во објавата на Опта.

А сега уште еден податок објавен на Твитер (X) по финалето на Лига Купот:

„На Мо Салах ова му беше 11-тото финале за клубот (Ливерпул) и репрезентацијата (Египет) на кое не постигна ниту еден гол од игра, вкупно околу 1000 минути. Единствените два гола што ги постигна во тие 11 финалиња беа од пенали против Тотенхем во 2019 година (финале на Лигата на шампионите) и Манчестер Сити во 2022 година (Комјунити шилд/Супер Куп на Англија).“

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Барди: Свесни сме дека не чека важен натпревар, мора да покажеме енергија и желба

Македонската репрезентација денеска ја одржа официјалната прес-конференција пред утрешниот…