Руд ван Нистелрој заврши одлична работа за краткото време на клупата на Манчестер Јунајтед. На клубот му требаше привремено решение пред доаѓањето на Рубен Аморим, а легендарниот холандски напаѓач се покажа токму тоа со три победи и реми по отказот на Ерик тен Хаг. Англиските медиуми пишуваат дека тој нема долго да биде без работа.
Ван Нистелрој стекна светска слава играјќи за Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна импресивни 150 гола. Ја освои и титулата во англиското првенство.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Подоцна се пресели во Реал Мадрид и продолжи со одличните настапи. Играчката кариера ја заврши во 2012 година во Малага.
Откако ја започна својата тренерска кариера како шеф на вториот тим на ПСВ, а потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар и му донесе два трофеи, Ван Нистелрој се уште го чека вистински ангажман. Тој наводно би можел да му биде понуден од Барнли.
Во истиот контекст се споменуваше и минатото лето, а се споменува и сега, кога тимот се бори за влез во Премиер лигата од Чемпионшип, пренесуваат англиските медиуми.