
Кристијано Роналдо го запиша своето име на уште една страница од фудбалската историја. Португалскиот ас со Ал-Наср конечно го освои шампионскиот трофеј на Саудиската Про лига, ставајќи крај на серијата сезони без значајно клубско одликување. По претходниот пораз во финалето на азиската Лига на шампиони, Португалецот успеа да го освои овој престижен трофеј со два голови во решавачкиот меч..
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако оваа сезона не беше прв стрелец во лигата, Роналдо со освојувањето на титулата ја потврди својата уникатност во историјата, како што пишува „Марка“. Станува збор за таканаречениот „двоен покер“ – освојување на шампионска титула и титула за најдобар стрелец во четири различни земји. Во Саудиска Арабија веќе два пати беше најдобар стрелец, а со освојувањето на лигата го комплетираше овој неверојатен серијал.
Пред Саудиска Арабија, Роналдо доминираше во Англија, Шпанија и Италија. Со Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус освои бројни тимски и индивидуални награди. Со ова постигнување, тој стана единствен фудбалер во историјата кој освои четири различни први лиги, а во секоја од нив во еден момент беше и прв стрелец.
По освојувањето на првата голема титула во Саудиска Арабија, пред Роналдо стојат нови предизвици. Еден од тие е личната цел што никој пред него не ја достигнал. Со 974 постигнати голови во кариерата, португалскиот напаѓач сака да стане првиот фудбалер со илјада погодоци.