Дома Фудбал „Роналдо е неверојатно себичен, мисли само на своите голови“

„Роналдо е неверојатно себичен, мисли само на своите голови“

Кристијано Роналдо играше за Реал од 2009 до 2018 година. За мадридскиот клуб одигра 438 натпревари со учинок од 450 голови и 131 асистенција.

Дел од времето во Реал, негов соиграч беше и Рафаел ван дер Варт. Пензионираниот средишен играч на холандската репрезентација откри работни навики на Роналдо користејќи шега за возрасни, но и откри дека португалскиот напаѓач бил себичен додека го делеле соблекувалната во мадридскиот голем клуб.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


“Секогаш го велам ова како шега, но Роналдо е единствениот играч чиј пе*ис не го видов. Секогаш беше прв на тренинг и последен што си заминуваше од него. Неговото тело? Вау. Машина. За него, работата во теретана, исхраната и спиењето беа поважни од напорниот тренинг”, изјави Ван дер Варт и додаде:

“Беше и неверојатно себичен. Беше несреќен ако победивме 6:0, а тој не беше стрелец. Сè беше во ред ако дадеше два гола, а ние загубивме натпреварот. Но неговото однесување не беше проблематично, само сакаше свои голови.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер има нова работа, чека потврда од клубот

Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција каде ќе го преземе тимот …