Дома Фудбал Рома се доближува до Распадори и притиска за дефанзивец на Тотенхем

Рома се доближува до Распадори и притиска за дефанзивец на Тотенхем

Рома е на завршните преговори со претставниците на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Џакомо Распадори, соопштуваат трансферните експерти во Италија.

Клубот се надева на позитивен исход до крајот на неделата, откако веќе постигнаа договор со „јорганџиите“ за заем до крајот на сезоната во вредност од 1,5 милиони евра и опција за откуп во износ од околу 20 милиони евра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Предлогот на „волците“ за италијанскиот репрезентативец е четиригодишен договор од летото со плата од 3,5 милиони евра годишно, што е повеќе од неговото сегашно примање во Мадрид.

По вчерашната средба на спортскиот директор Фредерик Масара со агентите на фудбалерот, е постигнат усен договор, а останува само конечната зелена светлина од 25-годишниот играч. Во моментов, Распадори е со Атлетико во Саудиска Арабија, каде што неговиот тим учествува на мини-турнирот за Суперкупот на Шпанија.

Во меѓувреме, во Рома работат и на зајакнување во одбраната, преговарајќи со дефанзивецот на Тотенхем, Раду Драгушин, известува Џанлука Ди Марцио. Поранешниот играч на Џеноа и Јувентус се врати на играњето само на крајот на минатиот месец по скоро едногодишно отсуство поради скината крсна врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна изградбата на најголемиот стадион во светот: Ова е Тронг Донг и нешто досега невидено

Изградбата на најголемиот стадион во светот официјално започна. Стадионот ‘Тронг Дон…