Дома Фудбал Родриго се кае поради летниот избор, сега го известил Алонсо за новата одлука!

Родриго се кае поради летниот избор, сега го известил Алонсо за новата одлука!

Приказната за можното заминување на Родриго (24) од Реал Мадрид продолжува и по летниот трансфер прозорец, што последниве месеци доминираше по спортските насловни страници. Бразилецот не добива задоволителна минутажа под водство на Чаби Алонсо и изгледа дека ситуацијата е при крајот на трпението.

Шпанскиот портал “Фичахес” наведува дека Родриго имал разговор со тренерот и директно соопштил дека сака да си замине. Од почетокот на сезоната поголемиот дел од времето го минува на клупата. Два пати започнуваше на стартот, но и тогаш беше заменет околу шеесеттата минута при обидите на Алонсо да внесе промени. Неговиот учинок е скромен досега, без постигнат гол и само една асистенција, што дојде во финишот на убедливата победа против Кајрат со 5:0, кога победникот веќе беше решен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Премиер лигата е најмногу изгледен избор. Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити имаат интерес за напаѓачот на Реал, а во моментов клубот од Манчестер води во трката. Во текот на летото Родриго беше блиску до трансферот кај Пеп Гвардиола, со ветување за достоен статус во тимот.

Меѓутоа, трансферот не се реализираше поради технички причини. Сити ја чекаше продажбата на Савињо во Тотенхем, која не се оствари, па Родриго реши да остане во Мадрид. По Светското клупско првенство, со Алонсо се договараа дека ќе се обиде да се избори за поважна улога, но шансата сѐ уште не се појави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамен и скандалозен натпревар во најсилната српска лига: Смешни грешки и неверојатни пенали! (Видео)

Фудбалска претстава која повеќе наликуваше на комедија отколку на елитен натпревар се одиг…