Дома Фудбал Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

РОДРИ (29), клучниот играч за врска на Манчестер Сити, повторно се соочи со повреда која ќе го оддалечи од терените за подолг период. Шпанскиот фудбалер го повреди мускулот за време на натпреварот против Ал Хилал на Светското клупско првенство, што предизвика загриженост кај навивачите и стручниот тим на клубот.

Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, ја прокоментира ситуацијата со Родри пред англиските новинари: “Родри е во подобра состојба, но претрпе сериозна повреда против Ал Хилал. Тренираше подобро, се надеваме дека после паузата за репрезентативните натпревари во септември ќе биде целосно подготвен.”

Интерес од Реал

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Родри е актуелен добитник на Златната топка кој на крајот на 2024 година претрпе сериозна повреда на лигаментите на коленото поради што пропушти голем број натпревари. Тоа беше и најслабата сезона за Сити во последните неколку години, што многумина го поврзуваа со неговото отсуство.

Минатата сезона Родри беше клучен играч за Шпанија во освојувањето на европското злато, а во Сити се радуваа на неговото враќање на теренот за време на Клупското светско првенство, но сега повторно ќе мора на рехабилитација. Договорот со Сити му трае уште две години, а англиските медиуми сè почесто пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран да го донесе во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…