Дома Останати Тенис Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Познатиот тенисер Енди Родик вели дека Карлос Алкараз е подобар во овие години отколку што беа Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но дека има еден проблем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алкараз има само 21 година, а веќе освои четири Гренд слемови и шест Мастерси, последниот во Монте Карло.

„Зборуваме за тоа како Карлос се мачел оваа година. Мислам дека никој не се сомнева дека тој и кога игра слабо две-три недели, може многу брзо да се врати во форма, се да смени и да освои Мастерс. Не требаше ништо да ни докажува, но го направи тоа повторно“, рече Родик.

Американецот, некогаш прв во светот, го спореди со Надал и Новак Ѓоковиќ, кажувајќи дека неговиот арсенал на удари е поголем од нивните.

„Рафа немаше толку опции како Карлос со 21 година. Не велам дека Рафа не ги надомести тоа подоцна, но опциите во играта што ги имаше Рафа со 20, 21 година беа – ќе бидам упорен, ќе гаѓам со форхенд на твојот бекхенд и ќе работам упорно. Новак имаше јасно изграден стил на игра, Рафа исто – а Карлос го има сето тоа“, рече Родик и додаде:

„Проблемот со тоа што можете да погодите секој можен удар е што понекогаш пробувате да погодите секој можен удар што постои!“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …