Дома Фудбал Рио Фердинанд жестоко „удри“ по Манчестер Јунајтед!

Рио Фердинанд жестоко „удри“ по Манчестер Јунајтед!

Тотенхем е новиот освојувач на Лига Европа. Во финалето во Билбао, тимот на Анг Постекоглу го совлада Манчестер Јунајтед со резултат 1:0, со што обезбеди учество во Лигата на шампионите идната сезона. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута.

Повеќето од првото полувреме, како и остатокот од натпреварот, не понудија многу добар фудбал, но во 42-та минута по центаршутот на Папе Сар, Џонсон успеа да се протне помеѓу Лука Шо и Андре Онана и да постигне гол за водство од 1:0. Во продолжението, Јунајтед напаѓаше, додека Тотенхем се повлече и чекаше шанси преку контра-напади.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Најголемиот притисок на Црвените Ѓаволи дојде на самиот крај во судиското продолжение, но голманот на Тотенхем, Викарио, реагираше навремено во неколку ситуации. Тотенхем ја искористи својата единствена сериозна шанса и на крајот заслужено ја освои Лига Европа.

Натпреварот го коментираше легендата на Јунајтед, Рио Фердинанд. “Катастрофалната сезона заврши со уште една слаба претстава, но мислам дека не направија доволно за да заслужат поинаков исход – изгледаа како да ги има повеќе страв од пораз отколку што посакуваа победа. Манчестер Јунајтед немаше вистинска закана во нападот додека не примија гол. Голманот одбрани само еден удар, а со таква игра не може да се очекува освојување на трофеи. Тотенхем го заслужи тоа.

Фото: Маnchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историски преседан во Лигата на шампиони, додека 43 земји немаат претставник, Англија ќе има дури 6!

Едно од најслабите финалиња на европските натпревари се одигра синоќа во Билбао, каде што …