
Рио Фердинанд, легендарен англиски фудбалер, а сега стручен коментатор, ја сподели со јавноста својата приказна за случувањата во последните неколку дена. Да потсетиме, 46-годишникот беше кратко хоспитализиран поради што пропушти да ги коментира европските натпревари на Арсенал и Манчестер Јунајтед, а британските медиуми пишуваа за “мистериозното отсуство”. Во својот подкаст откри за што точно се работеше.
“Мојата сопруга и жените во мојата фамилија тоа никогаш нема да го разберат… станува збор за машки грип. За тоа всушност се работи. Имав силен воспаление. Во еден момент помислив дека губам свест, дека се гасам… Навистина мислев дека ќе се онесвестам. Бев дома, во креветот, со силни болки и едвај ги држев очите отворени. Помислив дека е вирус, грип или нешто слично. Потоа, главоболката што ја имав… инаку не патам од мигрени, така што не знам како тоа изгледа”, започна тој.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
“Но се чувствував како главата да ми е во менгеме и како очите да ќе ми излезат од дупките. Бев многу болен. Потоа повраќав до изнемоштеност во WC-то, се враќав во кревет и чувствував вртоглавица. Се држев грчливо за крпето, не знаев каде сум. Беше лудо”, продолжи со приказната.
Потоа отиде во болница, а таму ситуацијата краткотрајно стана уште полоша. “Морав да отидам во болница и лекарот дури ме праша: ‘Дали ви треба итна помош?’. Тогаш ми стана се јасно… Помислив дека е грип или вирус, а кога го спомена СТ и итната, завладеа целосна паника”, се присети некогашниот стопер на Лондон, кој 87 пати настапи за англиската репрезентација.
На крајот, во свој стил, додаде шеговито: “Дури не можев ни да уживам во болничката храна. Супата и сладоледот инаку прават чуда.” Фердинанд се врати минатиот викенд на телевизијата и вели дека сега нема никакви проблеми.
Фото: Маnchester United/X