Дома Фудбал Реал веќе размислува за замена за Куртоа: Две опции се во игра!

Реал веќе размислува за замена за Куртоа: Две опции се во игра!

Во управата на Реал Мадрид сè посериозно размислуваат за иднината без Тибо Куртоа.

Иако белгискиот голман сè уште има клучна улога во тимот, раководството на клубот наводно веќе разгледува можности за негов наследник.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според шпанските медиуми, врвот на листата со желби го заземаат две веќе добро познати имиња.

Првото име е Грегор Кобел, кој оддамна важи за еден од најдоверливите стражари на голот во Европа.

Кобел и претходно се поврзуваше со преселба на Сантијаго Бернабеу, а неговите настапи оставија впечаток.

Второто име кое сериозно се разгледува е Барт Вервруген. Младиот Холанѓанец веќе изгради репутација како модерен голман, стабилен со топката и смирен под притисок.

И за двата голмани се зборуваше и во претходните трансфер периоди, па нивната кандидатура не е изненадување.

Сепак, во клубот постои и една друга опција која би можела да ја изненади јавноста. Станува збор за младиот голман на Кастиља, Фран Гонзалез.

Во Реал имаат голема почит за неговиот потенцијал и развој, а некои во клубот веруваат дека може да биде долгорочно решение.

Оваа опција на Реал му овозможува и да за зачува средства за други засилувања.

Се разбира, ситуацијата ја комплицира интересот на Челзи, кој наводно активно се обидува да го привлече 20-годишниот голман во своите редови.

Во Мадрид се свесни дека ќе треба брзо да делуваат ако сакаат да го задржат талентираниот чувар на мрежата..

Пред челниците на кралскиот клуб стои важна одлука – дали да се потпрат на проверени имиња како Кобел и Вервруген или да му пружат шанса на младиот Гонзалез како неочекувано, но потенцијално големо решение за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали се најавува трансфер? „Чaлханоглу сигурно ќе игра за Галатасарај!“

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, минатото лето посакуваше трансфер во Галатасарај. И…