
Реал Мадрид го заврши првото засилување за летниот трансфер период. Тоа ќе биде чудесниот Аргентинец Нико Паз од Комо, а кралевите работат и на доведување на играчот од средината на теренот на ПСЖ, Витиња за кого се подготвени да издвојат 100 милиони евра.
Реал Мадрид ќе влезе значително посилен во наредната сезона. Се очекуваат неколку нови имиња на Сантијаго Бернабеу, а покрај засилувањата во одбраната, односно на централните позиции, кралевите ќе го освежат средниот ред и офанзивниот дел на екипата.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Првото засилување веќе е познато. Тоа е чудесниот Аргентинец Нико Паз.
21-годишникот Реал во летото 2024 година го пушти од клубот во Комо за само шест милиони евра. Сепак, направија огромна работа задржувајќи го правото да го вратат за само 11 милиони евра и таа клаузула ќе ја искористат летово.
Витиња има договор со ПСЖ дека може да оди ако дојде понуда од 100 милиони. Реал е подготвен да го исплати тој износ и големиот трансфер се наѕира.
Португалскиот играч од средината го гледаат како единствената вистинска замена за Лука Модриќ. Направија грешка пуштајќи го водачот на соблекувалната од клубот, а Витиња ги има сите предиспозиции да биде негов вистински наследник.