
Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е на мета на Реал Мадрид!
Оваа вест ја објави Релево, кој тврди дека Гитенс е на мета на скаутите на Реал веќе некое време, но го следат и бројни европски великани.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Гитенс има само 20 години, а во Дортмунд дојде како тинејџер од академијата на Манчестер сити, во летото 2020 година.
Роден е во Лондон, игра за младата репрезентација на Англија и сè уште нема дебитирано за А тимот.
Инаку, Гитенс игра на левото крило, може да се снајде и на десното, па се поставува прашањето дали тој е потенцијална замена ако Винисиус Жуниор во летото ги прифати милионите од Саудиска Арабија.
Не е тајна дека Арапите го сакаат Винисиус и сакаат да го направат најплатен спортист во светот, иако Бразилецот досега немаше намера ниту да размисли за заминување од Реал Мадрид.
Гитенс има одиграно 92 натпревари во дресот на Борусија, постигнал досега 16 голови и има запишано 10 асистенции.