Шпанска Марка пишува за битката помеѓу Реал Мадрид и Барселона за потписот на еден од најталентираните Шпанци. Станува збор за Антонито, 18-годишниот крилен напаѓач од второлигашот Малага и репрезентативец на Шпанија до 19 години. Според Maрка, трансфер во некој од гигантите би можел да се случи веќе во јануари.
Антонито е под договор до следното лето и одби да потпише продолжување, што значи дека ризикува да го напушти клубот без обештетување на крајот од сезоната. Затоа е реално да се очекува трансфер веќе во зима бидејќи тоа е последна шанса за Малага да се обиде да заработи на младиот играч.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Антонито е роден во Андалузија, а првите фудбалски чекори ги направи во младинската академија на Бетис, од која се пресели во Малага. Минатата сезона ја собра првата сениорска минутажа во третата лига, а сега е стандарден играч и еден од главните играчи на тимот во Сегунда.
На 13 настапи постигна три и асистираше за три. Неговото целосно име е Антонио Кордеро, но тој е попознат како Антонито. Според Трансфермаркт, Антонито вреди два милиони евра.