Дома Фудбал Ракитиќ се пензионира на крај на сезоната!?

Ракитиќ се пензионира на крај на сезоната!?

Иван Ракитиќ ќе го заврши своето фудбалско патување по натпреварот на Хајдук против Шибеник. Легендарниот играч и поранешен хрватски репрезентативец, вчера беше уловен од камера како седи и плаче на „Полјуд“, а сега е позната причината зад тие солзи. Тоа беше неговиот последен натпревар на Полјуд и претпоследниот во целата кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според извори од „Спортски новости“, крајот на играчката кариера на Ракитиќ во Хајдук е потврден и импресивната кариера стигна до својот финиш. Тој летово се приклучи на Хајдук и стана една од најголемите фудбалски ѕвезди што настапиле во лигата. Во 38 настапи за сплитскиот клуб, постигна 2 гола и запиша 5 асистенции.

Овој хрватски мајстор, легенда на хрватската репрезентација и Барселона и икона на Севиља, својата кариера ја започна пред две децении во вториот тим на Базел. Од 2007 година беше дел од главниот тим пред да се пресели во Шалке. Со Базел во сезоната 2006/07 ја освои швајцарската куп титула, а по четири години во Шалке, замина во Ла Лига.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен играч кога на договорот ќе му истече …