Дома Фудбал Рафиња откри од која ѕвезда добива златни совети

Рафиња откри од која ѕвезда добива златни совети

Рафиња оваа сезона игра маестрално во Барселона и многумина веруваат дека е еден од главните кандидати за освојување на Златната топка, и покрај испаѓањето на клубот од Лигата на шампионите. Бразилецот пред Ел Класико реши да ја сподели својата животна приказна и да признае кој му помогнал најмногу за да се адаптира толку добро во екипата на Барселона.

Тој изјави дека ужива додека игра за Барселона и откри кој му помогнал особено да се вклопи најдобро во каталонскиот клуб, но и во животот во Шпанија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Често разговарам со Нејмар. Тој ми даде многу корисни совети кои ми го олеснија животот и играта во Барселона. Среќен сум што постепено ги достигнувам бројките на Нејмар од неговите времиња во Барселона. Се надевам дека ќе продолжам во добра форма и ќе освојам сè што тој освои со нашиот клуб“, откри Рафиња.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тудор може да го засили тимот со ѕвезда на Реал кој сезонава не одигра ниту минута?

Торино Јувентус, кој го предводи Игор Тудор, од јануари има шанса да стане посилен со анга…