Дома Фудбал Рафиња рече дека ќе ги разбие Аргентинците. Погледнете што му направија после натпреварот

Рафиња рече дека ќе ги разбие Аргентинците. Погледнете што му направија после натпреварот

“Ќе ги разбиеме на терен, а ако треба, и надвор од него”, порача Рафиња, ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација, пред двобојот со Аргентина во квалификациите за Светското првенство. На крајот, тоа не се случи, бидејќи Аргентина со убедливи 4:1 го совлада Бразил.

Сепак, Аргентинците не пропуштија да им дадат до знаење на Бразилците дека ја слушнале изјавата на Рафиња, со што и онака длабокото ривалство стана уште пожестоко на овој натпревар.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Судијата покажа дури десет жолти картони, а на теренот имаше многу подбивања, па така, на пример, Родриго му рече на Леандро Паредес дека е “ужасен”, а тој му одговори: “Јас имам две Копа Америка и Светско првенство, ти немаш ништо.”

Сѐ кулминираше на крајот од натпреварот, кога Рафиња тргна кон соблекувалната. Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, намерно се удри во Рафиња, а го провоцираше и Паредес.

Рафиња одлучи самиот да се пресмета со нив, но останатите играчи на Бразил reagiraa пред да се дојде до физичка пресметка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата воведува нов вид на ВАР систем, еве за што станува збор

Премиер лигата одлучи трајно да воведе полуавтоматска ВАР технологија за одредување на нед…