
Англиската Премиер лига го објави распоредот за натпреварите за следната сезона, која започнува на 15 август.
На тој ден, шампионатот ќе го отвори актуелниот шампион Ливерпул, кој од 21 часот ќе ја пречека екипата на Борнмут на својот Енфилд.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во сабота, Манчестер Сити ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Тотенхем ќе биде домаќин на Барнли.
Наредниот ден на програмата е дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал во недела, на 17 август, на Олд Трафорд.
Последното коло ќе се игра на 24 мај 2026 година, кога Јунајтед ќе гостува на Брајтон, Арсенал ќе се соочи со Кристал Палас, Ливерпул ќе го пречека Брентфорд, а Сити ќе игра против тимот на Астон Вила.
The new season starts here.
— Premier League (@premierleague) June 18, 2025
2025/26 🔜 pic.twitter.com/VmoxPb8dbu