Дома Фудбал Промените во Јунајтед продолжуваат: Само што пристигна, веќе си заминува

Промените во Јунајтед продолжуваат: Само што пристигна, веќе си заминува

Доаѓањето на Рубен Аморим не стави крај на промените во Манчестер Јунајтед. По само пет месеци клубот го напушти уште еден важен член.

Ден Ешворт го напушти Олд Трафорд по само пет месеци како спортски директор на Манчестер Јунајтед.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Новиот сопственик на Јунајтед не беше задоволен од стратешкиот план на Ешворт во летниот преоден рок, па тензиите растеа. На крајот, епилогот е заминувањето на спортскиот директор на Јунајтед.

Рака на срце, Ретклиф со право му се лути на Ешворт, со оглед на тоа што досегашниот кадар на играчи не ги оправда очекувањата.

Ешворт пристигна во Манчестер Јунајтед пред пет месеци, а „Црвените ѓаволи“ платија три милиони фунти за неговото доаѓање од Њукасл.

Останува неодредено кој ќе го пополни неговото место, но Јунајтед засега нема да има спортски директор, а Аморим јануарскиот преоден рок ќе го испланира со директорот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена е листата на фаворити за Златната топка 2025 година, еве кој е на првото место

Goal.com веќе прави прогнози за следното доделување на Златната топка. Да потсетиме, Родри…