Дома Фудбал Пресврт: Тео Ернандез не оди по милионите – се сели таму каде што се започна!

Пресврт: Тео Ернандез не оди по милионите – се сели таму каде што се започна!

Левиот бек на Милан, Тео Ернандез, одби примамлива понуда од Ал Хилал, со верба дека сè уште може да игра на највисоко ниво, што му го нуди и Атлетико Мадрид!

На многумина можеби им е непознато или го заборавиле, но Тео Ернандез е продукт на школата на Атлетико, како и неговиот брат Лукас. Во 2017 година, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја искористи откупната клаузула и го доведе во „кралскиот клуб“ за 24 милиони евра.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Меѓутоа, младиот Ернандез не успеа да се наметне во битката со Марсело, што го натера во 2018/19 сезона да замине на позајмица во Реал Сосиедад. Веднаш потоа, во летото 2019, Милан го откупи за 22 милиони евра и Французинот стана еден од најдобрите леви бекови во Италија и Европа.

Сега е извесно дека ќе замине, бидејќи влегува во последната година од договорот и нема да го продолжи, па Милан сака да го продаде за да заработи по шест години.

Тео Ернандез одби да се пресели во Ал Хилал, иако му беше понудена огромна плата, очекувајќи да заврши преговорите меѓу Милан и Атлетико.

Мадридскиот клуб предложил размена во која би бил вклучен и десниот бек Науел Молина, но „росонерите“ не прифатиле.

Јасно е дека Диего Симеоне не планира да се откаже, гледајќи го Тео Ернандез како идеален избор, а и Атлетико има посебно место во срцето на Ернандез.

Фото: AC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…