Аргентинскиот фудбалер во моментов поради повреда не настапува за Галатасарај, а покрај професионалните проблеми се соочува и со лични.
Кај Ванда Нара и Мауро Икарди не цветаат рози и во последно време многу се караат, а сега претераа со семејните искри.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Нара е и агент на Икарди, а медиумите во Аргентина пишуваат дека и двајцата моментално се во татковината и дека Ванда го пријавила Мауро во полиција.
Сопругата на фудбалерот на Галата повикала полиција и пријавила дека нејзиниот сопруг има оружје, по што Мауро бил исфрлен од куќата за да може полицијата да изврши претрес. По што му било забрането да влезе во куќата.
По претресот, полициските службеници не пронашле ништо, а било утврдено дека Нара поднела лажна пријава и сега може да одговара законски.
Икарди оваа сезона постигна само четири гола, но се бори со повреди.