
Познати се сите учесници на полуфиналето на годинашното издание на УЕФА Лигата на нации 2024/2025.
Во борбата за трофејот продолжуваат Германија, Португалија, Шпанија и Франција, по возбудливи натпревари, од кои три отидоа во продолженија, а два по пенали.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Полуфиналните двојки се Германија – Португалија и Шпанија – Франција.
Германците по победата во Италија, водеа со 3:0 на домашен терен, но Аѕурите на крајот изедначија на 3:3, што беше недоволно.
Португалците по поразот 1:0 во Копенхаген, славеа во Лисабон 3:2, а потоа во продолженијата со два гола обезбедија пласман во завршницата.
Највозбудливо беше во Париз и Валенсија.
Избраниците на Хрватска имаа предност од два гола против Франција, но Триколорите во второто полувреме ја надополнија негативата. Во продолженијата немаше голови, па пеналите ја решија победата.
Бранителите на титулата Шпанците, по 2:2 во Ротердам, одиграа идентично во Валенсија, па натпреварот отиде во продолженија. Таму и понатаму немаше победник, натпреварот заврши 3:3 и пеналите го одлучија патникот понатаму.
Црвената фурија, со одбраните на Унаи Симон, успеа да обезбеди пласман во полуфиналето.
Полуфиналните натпревари ќе се одржат на 4 и 5 јуни 2025 година, а натпреварот за трето место и финалето на 8 јуни. Домаќин на завршницата на Лигата на нации оваа сезона ќе биде Германија.
Германија и Португалија ќе играат на 4 јуни во 20:45, а Шпанија и Франција еден ден подоцна во исто време.
Трофејот го брани селекцијата на Шпанија, а претходно титулата ја освоиле Франција (2021) и Португалија (2019).