Дома Фудбал Познати имињата на играчите кои го поддржуваат Винисиус, другите се на страната на Алонсо: На чија страна е Мбапе?

Познати имињата на играчите кои го поддржуваат Винисиус, другите се на страната на Алонсо: На чија страна е Мбапе?

Последниот период во Шпанија многу се говори и пишува за иднината на Чаби Алонсо во Реал Мадрид. Се известува дека поради лоши односи со многу играчи можат да се случат брзи промени.

Се верува дека Алонсо ја загуби контролата во соблекувалната само шест месеци откако ја презеде улогата на главен тренер.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Прв меѓу незадоволните, дури и лутите на шпанскиот тренер, е Винисиус Жуниор, кој дури ја објави на клубот дека нема да потпише нов договор додека алонсо е на чело.

Тензииите ја поделија екипата на Реал во два табора, некои клучни играчи застанаа на страната на бразилскиот напаѓач, додека други, вклучувајќи го и Килијан Мбапе, цврсто стојат со тренерот. Додека клубот се бори со кризата, странски медиуми ја открија страната на која се наоѓа секој од нив.

Во групата на незадоволни се Винисиус Жуниор, Родриго, Федерико Валверде, Брахим Диаз, Ендрик и Ферланд Менди. Од друга страна, во групата на оние кои го поддржуваат тренерот се Килијан Мбапе, Тибо Куртоа, Арда Гулер, Дејн Хујсен и Алваро Карерас.

Наводната поделба во соблекувалната доаѓа среде загрижувачки пад на формата, со оглед на тоа дека екипата на Алонсо се колеба по блескавиот почеток на сезоната. Случајот на Винисиус е посебно чувствителен со оглед на неговата позиција и влијание во тимот.

Неговото незадоволство предизвика загриженост меѓу управата на клубот, а шпанските медиуми дури известија дека тој и Алонсо се расправале, што ги крена тревозите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко ги “олади” навивачите на Барселона: “Никогаш не се разгледуваше враќањето на Меси”

Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси по сè изгледа нема наскоро да го облече дресот …