Дома Останати Тенис Познатата тенисерка беше заплашена на ужасен начин: Се надевам дека ќе умреш

Познатата тенисерка беше заплашена на ужасен начин: Се надевам дека ќе умреш

Елина Свитолина се најде на удар откако изгуби од Наоми Осака во Торонто и јавно обелодени какви пораки добила.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Моментално 13. тенисерка во светот, Елина Свитолина, ги сподели јавноста пораките кои ги добила по поразот од Наоми Осака во Торонто.

Осака победи со резултат 6:2, 6:2, а Свитолина, инаку сопруга на Гаел Монфис со кој има ќерка Скај, се најде на силен удар и нејзиниот инбокс беше преполн со болни пораки и закани.

Обложувачите кои поради поразот на Свитолина останаа без пари ја преплавија со гнасни и ужасни пораки.

„Корупционерска кучко, кармата ќе ти се одмазди“, „Нека Русите ве убијат сите вас Украинци”, “Земјата ти е во војна, а ти вака се срамиш”, само се некои од пораките за кои Елина откри.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…