Ѓорѓе Петровиќ брани фантастично оваа сезона во Стразбур, а често навивачите на Челси беа разочарани што замина поради слабата форма на Санчез.
Сепак, раководството на клубот и Енцо Мареска имаат голема доверба во сегашните голмани, Санчез и Јоргенсен, па и покрај одличната форма на Петровиќ во Челси размислуваат за негова продажба.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Според информациите од англиските медиуми, Петровиќ најверојатно ќе го напушти Челзи во лето и поради доаѓањето на новиот голман, Мајк Пендерс, висок голман од Генк.
Петровиќ со Челси има договор сѐ до јуни 2030 година, а пристигна од Њу Ингланд каде што беше еден од најдобрите голмани во МЛС лигата и тоа за 16 милиони евра.
Неговата вредност во меѓувреме значително се зголеми бидејќи минатата сезона беше одличен во Челзи, а оваа во Стразбур и дефинитивно ќе има заинтересирани.